Туристичката понуда на Охрид од денеска ќе биде збогатена со хотелот „Su“ на кејот „Македонија“, кој ќе понуди еден поинаков концепт на услуги, кои се потпираат на светски стандарди.

Во рамки на хотелот, на приземјето ќе работи урбан ресторан, а на потпокривот ексклузивен ресторан со единствен поглед на Охрид и Охридското Езеро.

Хотелот е дел од холдингот „Su“ под чии закрила работaт и брендовите Ликвид и Објектиф..

OhridNews