Наскоро почнува снимањето на филмот за Мајкл Џексон, со име „Мајкл Џексон животот на иконата“. Новиот филм ќе биде сниман на основа на деталите од животот на кралот на попот, а најмногу ќе се фокусираат на судскиот процес од 2005 година, кога Мајкл бил обвинет за злоставување деца. Во филмот ќе има околу 50 интервјуа направени со членовите на семејството и пријателите за време на неговото судење.


Покрај овие интервјуа, во филмот ќе има и интервју со најстарата сестра на Џексон, Реби, која раскажува за неговиот тежок однос со таткото Џо. Животот на овој популарен музичар ќе биде прикажан од моментот кога почнал да настапува со групата „Џексон 5“, па се до неговата смрт во 2009 година.