На прагот од сезоната на грипови сме, а од утре ќе започне имунизацијата против вирусот на грип.
Вакцинирањето ќе го спроведува Регионалниот завод за здравствена заштита- Охрид. Годинава цената на една вакцина чини 400 денари , и е за 50 денари пониска од минатогодишната.
Грипот е заболување што може да помине и како настинка, но и да остави последици по здравјето на луѓето, особено кај лицата со намален имунитет и хронично болните. Вирусот се пренесува преку дишење па затоа е непходно да се вакцинираат луѓето кои имаат секојдневен контакт со луѓе.
Лекарите препорачуваат вакцина кај хронично болните од срце, бубрези, кај малигни, и белодробни заболувања, дијабетес, анемии, но и при ослабнат имунитет.
Исто така се препорачува вакцина против сезонскиот грип и кај лицата постари од 65 години.
Ohridnews