Се известуваат граѓаните на Охрид дека од 10.03.2020 ќе почнат активностите за санација на канализацискиот колектор со технологија без ископување и тоа на делот на главниот копнен канализациски колектор од населбата Лагадин до Охрид и на делот на главниот копнен канализациски колектор од Охрид до Струга.
Инвеститор на работите е ЈП Колекторски систем Охрид, а работите ги изведува компанијата ЕКО Теам ДОО Скопје и ИНД ЕКО доо Ријека.
Работите ќе се изведуваат следните четири месеци во време од 0 до 24 часот, а во текот на изведување на работите сообраќајот ќе биде делумно ограничен. Се молат граѓаните за разбирање и почитување на привремените сообраќајни регулации.
Се молат сите станари да да ја проверат исправноста на своите одводни сифони и да ги наполнат со вода како би спречиле евентуални непријатни миризби кои не претставуваат опасност, а кои можат евентуално да се појават во текот на санацијата на станбените простори.
Се молат станарите во текот на санацијата на колекторот, непосредно да не ги користат канализациските состави или користењето да го сведат на минимум, бидејќи истите ќе бидат вон функција за време на инсталирање на новите цевки.
OhridNews