На Саемот ќе се презентира македонската туристичка понуда пред странските туроператори, а воедно ќе се организираат и непосредни средби меѓу нашите и странските туристички агенции.
Покрај туристичките можности на Саемот ќе бидат промовирани и македонските вина, а ќе се одржат и натпревари во гастрономија.
Во склоп на Саемот ќе се организира и Форум за туризам на тема „Македонскиот туристички производ во Светската туристичка понуда“.
Учесниците на саемот на 19. јануари ќе присуствуваат на манифестацијата Водици.