Од 1 јануари почнува реализацијата на проектот „Струга и Поградец за промоција на туризмот и природните ресурси – CoolTour“, преку кој ќе се подобрува инфраструктурата, во двата погранични града, како и нивна туристичка промоција.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија во рамки на проектот ИПА 2 за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.

Предвидена е изградба на велосипедска и пешачка патека од хотел „Евро“ до реката Сатеска, брендирање на еден струшки производ, заедничко рекламирање на меѓународни саеми, чистење диви депонии околу Охридското Езеро, изградба на две туристички бироа, како и обука на туристички работници, појасни Албрим Положани, раководител за европски проекти во Општина Струга. 

Во Поградец пак, додаде, предвидено е реконструкција на тамошното Кале, брендирање нивни производ, како и заедничка промоција на двата града.

Целта на проектот е заедничка промоција на двата погранични града со своите природни убавини, храна, историски вредности…, во една туристичка понуда, како и подобрување на туристичката инфраструктура, изјави Положани.

„Струга и Поградец за промоција на туризмот и природните ресурси – CoolTour“ е поделен на неколку компоненти, вклучувајќи инфраструктура, туристичка промоција, гастрономија и угостителство. Главна цел е промоција на Струга и Поградец, како градови покрај Охридското Езеро.

OhridNews