Петнаесетина производители на традиционалниот специјалитет ѓомлезе, ќе земат учество на првата Ѓомлезијада што денеска ќе се одржи во с.Велестово.

Ѓомлезето ќе се подготвува на просторот кај реновираниот дом на култура во Велестово, а за најдобрите тројца обезбедени се парични награди во висина од 20 000 денари.

Интерес за Ѓомлезијадата пројавиле повеќе хотелиери, претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, невладини организации, претставници на соседните општини. Манифестацијата со својот настап ќе ја збогатат неколку фолклорни групи од Охрид.

Целта на манифестацијата е да се истакнат традиционалните вредности на Македонија, и можностите за развој  на алтернативните видови туризам.

Ohridnews