Во Основниот суд во Струга денеска  ќе почне нов судски процес против британскиот државјанин Николас Морли, откако претходно Апелациониот суд во Битола ја укина пресудата на првостепениот суд .  Струшкиот суд во јуни 2007 г. Морли го прогласи виновен за  предизвикување на тешката сообраќајна несреќа во која смртно настрада брачниот пар Чепуњоски од Струга и го осуди на 2 години условно.

Апелација случајот го враќа на повторно разгледување во Основниот суд во Струга, откако ја прифати жалбата на адвокатите на Морли, кои го оспорија судското вештачење, врз основа на кое беше изречена пресудата.

Апелација бара да се изврши ново вештачење за сообраќајната несреќа што се  случи на 2 мај 2007 година на магистралниот пат Струга – Ќафасан, кога Морли како учесник на меѓународмното рели „Гамбол 3000“ со своето порше се судри со автомобил голф во кој се наоѓаа сега покојните Чепуњоски. Вештачењето тогаш утврдило дека Морли во критичниот момент го управувал своето возило со брзина 161,6 км. на час, наспроти наводите на одбраната која тврдеше дека поршето се движело со 75 киломентри на час.

Ohridnews