Во Основниот суд 1 во Скопје ќе почне повторената судска постапка за случајот „Изгрев“ за кој одговараат струшките браќа Миладинови. На струшките бизнисмени Димитар и Ѓорѓи Миладинови 20 месеци им се судеше за перење пари и измама со кредит околу хотелот „Изгрев“, по што добија прво затворски казни од по шест и пол години.
Но пресврт во случајот се случи кога на седница на Апелациониот суд вишиот јавен обвинител побара укинување на пресудата и ослободување на браќата поради немање докази, погрешно водена судска постапка и недокажано дело. Апелациониот суд уште истата вечер ги ослободи браќата од притвор.
Со првата пресуда три стечајни судијки, стечајна управничка која го водела предметот за хотелот и бизнисмен, беа ослободени од обвинението. Кај нив судот не утврди одговорност.
Службеничка од Катастарот беше осудена условно. Двајца адвокати добија по шест месеци затвор, а нотар три. Фирмата на Миладинови чиј содружник е Македонската православна црква, земала кредит од шест милиони евра за реновирање на хотелот, но парите биле употребени за други намени и не биле вратени на банките.
Во текот на постапката Миладинови докажаа дека кредитот бил вратен.
На 12032025 во 0800 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 71 годишно лице од сДелогожда, струшко При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзе...
Утре од 1200 часот во големата сала на Општина Охрид гостува Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ од позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова Лилјана Стоилковска,...
Советот на Општина Охрид утре ќе ја одржи педесет и четвртата седница со почеток во 9 часот Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид, а на Дневен ред се 71 точка Пред советниците се извеш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.