За 30 илјади фирми почнува постапката за бришење, со тоа што им се дава можност на оние кои предвидуваат стечајна постапка за тоа да го известат Централниот регистар во рок од една година, пренесоа националните медиуми.
– Тие не се бришат веднаш, туку почнува постапката за бришење со тоа што им се дава можност на сите оние кои предвидуваат стечајна или ликвидациска постапка во текот на една година да го известат Централниот регистар за тоа. Тоа е направено најмногу заради заштита на доверителите, односно доколку има можност тие да ги наплатат своите побарувања. Оние за кои нема да добиеме известување дека ќе почнат ликвидациска постапка, по истекот на една година ќе бидат избришани, појаснуваат од Централниот регистар.
Измените на Законот за трговски друштва што стапија на сила од 1 јануари годинава, предвидуваат два услова за бришење – доколку субјектот нема поднесено годишна сметка и доколку нема запишано емаил адреса до 31 декември 2014.
OhridNews