Вечерва се играат полуфиналните натпревари на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2022“, со што почнува разврската за медали.
Првото полуфинале е закажано за 21 часот, а се среќаваат Васко Речкоски – Асп Пак. Веднаш потоа во 22 часот играат Ресторан Станица и Викса Пром – Сатеска Волино.
Сабота е слободен ден а мечевите за медали се играат во недела.
Наградниот фонд на 17-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал во Велгошти е 150 000 денари.
OhridNews