Од јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ наскоро ќе произлезат уште две јавни претпријатија.

На седницата на Советот на општина Охрид, закажана за утре, на дневен ред меѓу другото ќе се најдат предлог одлуката за основање на јавно претпријатие за управување со градски гробишта Охрид и предлог одлуката за основање на јавно претпријатие за   вршење на погребни услуги.

На истата седница се очекува да бидат именувани и членовите на управните и надзорните одбори на новите јавни претпријатија.

OhridNews