Почнува плеј-офот во Супер лигата. ГРК Охрид во првото коло гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер 2. Во екипата владее добра атмосфера и оптимизам за позитивен резултат.

Македонскиот репрезентативец Стефан Дрогришки кој во зимскиот преоден рок пристигна како ново засилување во Охрид вели дека ги очекува тежок натпревар, додавајќи дека противникот ќе биде мотивиран.

Екипата е составена од млади, потпомогнати од поискусни ракометари. Во преодниот рок Е. Пелистер 2 направи промени во составот и не знаеме со што располагаат во моментов. Ме радува нашата форма од подготвителниот дел и физичката подготвеност на екипата. Очекувам максимална борба од моите соиграчи и се надевам на позитивен исход од натпреварот, вели Дрогришки.

 

Натпреварот е закажан за на 11 февруари со почеток во 18 часот во салата „Боро Чулески“ во Битола.

OhridNews