Викендов започнува 16-то македонско фудбалско првенство во Првата и Втора лига . На отварањето на првенството Илинден во Велмеј го пречекува Металург ,додека Охрид му гостува на Брегалница од Штип.
Екипата на Скопска Локомотива е 18-от член на Втората фудбалска лига, откако во бараж натпревар го победи Кораб од Дебар со 2-0. Локомотива во првото коло од новата сезона ќе му гостува на Турново ,на останатите натпреварисе среќаваат: Скопје – Влазрими , Нов Милениум – Дрита , Маџари Солидарност – Караорман Алумина – Вардар Декамел ,Тетекс – Миравци и Беласица ГЦ -Слога Југомагнат
Првото коло од 1-та МФЛ ке се одигра само со 4 натпревари ,поради настапите во Уефа купот на Работнички и Вардар. Презакажани за вторник се натпреварите Победа – Работнички и Вардар – Напредок
Фудбал ќе се игра на терените во Ѓорче, Македонија – Башкими ,во Тетово, Ренова – Милано ,под Тумбе Кафе Пелистер – Силекс и во Кисела Вода Цементарница – Шкендија.
Мирко Постоловски
.