Со свеченост што денеска ќе се одржи во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти, симболично ќе биде означен почетокот на новата учебна година во Охрид. На  свеченоста ќе присуствува  градоначалникот на Охрид Александар Петрески кој ќе има пригодно обраќање.

Во текот на летото со средства на локалната сампуправа во ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, беше реновирана дограмата и  комплетно беше уреден школскиот двор.

Инаку, годинава во деветте основни училишта во општината во прво одделение ќе учат околу 500 првачиња.

OhridNews