Со промоција на трите тома од книгата „Мојата Струга“ на новинар, книжевник и член на Друштвото на писателите на Македонија Наум Бајо, денес во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга почнува манифестацијата „Струшки книжевни средби“.

Во рамките на манифестацијата, ќе бидат доделени неколку востановени награди „Петковиот Аманет“ за оваа година. Ќе бидат доделени и благодарници и признанија на застапинете лица, или на нивни претставници, во трите тома од книгата „Мојата Струга“.

Награда за „Животно дело“ ќе ја прими Мишо Китаноски, новинар, публицист, поет, раскажувач и автор на телевизиски сценарија. Награда „Автор на годината“ („Македонска поетска ризница”) годинава ќе ја добие авторот Дарко Лешоски. Емилија Карафилоска е наградена со „Млад автор на годината”, а награда за „Посебни книжевни достигнувања на автор од странство“, ќе ја прими црногорскиот книжевник, Лабуд Н. Лончар.

Како што е најавено, во недела, 8 октомври, манифестацијата се сели во питоресткниот амбиент на Вевчани, каде во црквата „Свети Никола“ и кај познатите Вевчански извори ќе се одржи поетски настан, на кој ќе настапат сите учесници на овогодишните „Струшки книжевни средби.

OhridNews