Манифестацијата “Културно лето Пештани“ ќе биде отворена утре вечер, 10 август, со свеченост што ќе се одржи на брегот во Пештани во 20:30 часот.
Сите уметности ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат повеќекратно да уживаат во миксот од серенадите проткаени со поезија и проза, велат организаторите.
Од 11. до 13.август со почеток во 17.00 часот ќе има сликање и цртање на зајдисонце како и изложба на ракотворби од културната работилница
Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение “ ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид.