На плоштадот кај Стариот Чинар, вечерва, ќе биде отворена манифестацијата „Вино и сирење“.

Фестивалот “Вино и сирење“ 2019 нуди можност за локалните производители на вино и сирење да ги презентираат своите производи на пазарот. Манифестацијата претставува своевиден мини саем на кој се презентираат виното и сирењето како дел од традиционалната македонска гастрономија, и е значаен туристички настан во Охрид.

Фестивалот на виното и сирењето ќе биде отворен до утре, а веќе од недела на истата локација почнува манифестацијата Денови на медот.

OhridNews