Во наредните три недели партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите, ќе можат да ги претстават своите програми пред електоратот во обид да ги освојат гласовите на граѓаните. Тоа ќе можат да го прават до 24 часот на 3-ти јуни кога започнува предизборниот молк, кој ќе трае до 19 часот на 5-ти јуни кога се затвораат гласачките места.
Граѓаните ќе може да избираат помеѓу 18 кандидатски листи чиј редослед на гласачкото ливче беше утврден деновиве. Прва на листата е партијата на Имер Селмани, Нова Демократија, 2-ра е ПОДЕМ, 3-та СДУ, 4-та ДУА, Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ „За подобра Македонија“ е на 5-то место, ВМРО НП е 6-та, ДУИ 7-ма, а ДПА -8-ма , кандидатската листа на Достоинство е 9-та, СДСМ е 10-та, НДУ 11-та, ЛДП 12-та, СДПМ 13-та, ЕПМ -15-та, ПДП 16-та, партијата НДП на Руфи Османи, е 17-та а последна, 18-та, на гласачкото ливче е партијата на Љубе Бошковски „Обединети за Македонија“.
Граѓаните на Охрид својето право на глас ќе можат да го остварат во 5-та Изборна единица, во која уште спаѓаат и општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Кичево, Зајас, Пласница, Вранештица, Другово, Зајас, Центар Жупа, Вевчани, Струга и Дебарца.
Во 6+3 изборни единици своето право на глас ќе можат да го остварат 1,8 милиони граѓани, а за прв пат на едни избори во самостојна Македонија ќе гласа и дијаспората.