Денеска на пладне, согласно  Одлуката на Советот на општината за утврдување на Нацрт- ДУП за 6.Урбана Единица урбан блок 6.2 опфат 1,  ќе се одржи јавна презентација. Јавната презентација на Нацрт- Планот, за заинтересираните граѓани, од страна на надлежните служби ќе се одржи  во големата сала на Општината во 12 часот.

Овој  Нацрт-ДУП за дел од 6-та УЕ за граници ги има ул. „Јане Сандански“ – на исток; „Даме Груев“ – на запад; „Прв градски Ринг“ (крстосницата со „Питу Гули“ и „Карпош војвода“) – на север; и булеварот „Туристичка“ – на југ.

Инаку, денешната Јавна презентација е само дел од законски предвидената постапка, а  јавната анкета во која граѓаните можат да даваат свои мислењс, предлози и сугестии по она што е предложено како Нацрт, трае до 13. овој месец.

Ohridnews