Во Босна и Херцеговина денеска официјално почнува изборната кампања за општите избори што ќе се одржат на 2 октомври.

Претседателот на Централната изборна комисија, Суад Арнаутовиќ ги повика политичките субјекти да се придржуваат до Изборниот закон, да водат фер кампања и да не се користи говор на омраза.

Да ги претстават своите програми, да водат фер кампања, да не користат говор на омраза или зборови што може да предизвикаат некого да употреби сила, да избегнуваат дискриминација, особено стереотипи за лица од спротивниот пол, апелираше Арнаутовиќ.

Тој нагласи гласачите да го дадат својот придонес со цел кампањата и целиот изборен процес да се одвиваат во демократски амбиент. Арнаутовиќ особено упати повик до младите да се вклучат во политичките процеси.

Медиумите беа повикани на еднаква и фер застапеност на сите политички субјекти и информирање на јавноста за сите прашања во врска со изборната кампања и изборниот процес, како што е пропишано со Изборниот закон на Босна и Херцеговина.

OhridNews