Од денеска треба да почне исплатата на септемвриските пензии. Пензионерите ќе земат пензии повисоки за 5,3 проценти согласно методологијата за раст на пензиите.

Во изминатиот период, дел од пензионерите излегоа на протести барајќи линеарно зголемување на пензиите.

Од страна на Министерството за труд и социјална политика беше формирана работна група која треба да изнајде начин за решавање на нивните барања.

OhridNews