Од денеска почнува исплата на пензии по категории преку шалтерите во експозитурите на банките во земјава. Охридска банка ќе ја врши исплатата на пензиите според следниот распоред составен според висината на пензијата, согласно усвоената Информација за исплата на пензии за април 2020 година на Владата:

– Понеделник (27.04.2020 год.) – исплата на пензии во висина до 11.000 денари;
– Вторник (28.04.2020 год.) – исплата на пензии во висина 11.001 денари до 14.000 денари
– Среда (29.04.2020 год.) – исплата на пензии во висина 14.001 денари до 18.000 денари
– Четврток (30.04.2020 год.) – исплата на пензии во висина над 18.000 денари

Во Охрид експозитурите Централа и Минимаркет ќе работат од 07:00ч. – 16:00ч., а во сабота ќе работи експозитура Централа Охрид од 09:00ч. – 13:00ч.

Во рамки на експозиттурите се преземени сите мерки за заштита и одржување на хигиена. Поставени се ознаки за дистанца, ангажирани се лица за воспоставување ред, отворени се сите благајни со главната експозитура, а исто така се поставени и известивања за мерките кои треба да се почитуваат. – информира Охридска банка.

Банката апелира на почитување задолжително растојание од 2 метри при чекање во ред. Клиентите потребно е да го запазат редоследот на исплата на пензии, осносно да ги подигнуваат пензиите на шалтер во деновите во чија група на исплата припаѓаат.

Заради почитување на мерките за превенција од Корона вирусот и заради излегување во пресрет на повозрасната група граѓани над 67 години за кои важи рестрикција на движење во работните денови од 12:00ч. – 05:00ч., Банката апелира до своите клиенти кои смеат да се движат по 12:00ч., во тој период да ја подигнуваат својата пензија за да се остави простор и време на корисниците на пензија за кои има слобода на движење од 05:00ч. – 12:00ч. да подигнат пензија во соодветното време, соопшти Охридска банка.

Охридска банка, од минатата недела врши предвремена исплата на априлските пензии, преку мрежата на банкомати, при што на клиентите на располагање им стојат 120 банкомати на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија ширум земјата, каде може да подигнуваат готовина без провизија, информира Банката.

Во Охрид, Охридска банка е достапна преку 10 банкомати од кои 5 на Охридска банка и 5 на Шпаркасе банка Македонија на коишто може да се подигне пензијата почнувајќи од денес.

Охридска банка апелира до клиентите – корисници на пензија со дебитни картички да ја подигнат пензијата на банкоматите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија каде што подигнувањето средства со дебитна картичка е без провизија, со тоа што да се внимава на минимум растојание од 2 метри заради општа безбедност и превенција.

OhridNews