Со Фолк вечер, денес, ќе биде отворено најновото издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест-Охридски трубадури“. Во текот на трите фестивалски вечери ќе бидат исполнети преку 60 песни кои покрај македонските пејачи ќе ги изведат вокални солисти од балканските земји Грција, Бугарија, Србија, Словенија, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Русија.
Во трката за трите награди од публиката, трите награди од жирито, наградите за најдобар сценски настап,аранжман, текст и интрепретација ќе учествуваат песните кои ќе ги претстават Благица Павловска,Петар Нечовски, Ленче и Горан Кукиќ,Нино Величковски, групите „Соната“, „Скопски боеми“,Мартина Валиенте – Бугарија, Жарко Тимотијевиќ – Србија и други. По завршувањето на официјалниот дел, додека се пребројуваат гласовите на публиката и жирито, своја шоу програма ќе имаат членовите на групата „Биоритам“.
Фестивалската сцена годинава од Долни Сарај се сели на шеталиштетото, на кејот од Охридското езеро, пред хотелот „Нова Ривиера“. Секоја вечер, по завршувањето на фестивалот на терасата од хотелот ќе се организира забава со најпознатите македонски пејачи и групи.
И годинава фестивалот ќе го пренесуваат повеќе странски телевизии како што се Тв Балканика–Бугарија,Тв Бел ами–Србија,Тв Коперникус-Србија ,Тв Свет плус-Србија, ТВ З1–Хрватска,Тв Хајат-Босна и Херцеговина, Тв Визион плус–Албанија, а македонските љубители на музиката фестивалот „Охридски трубадури“ ќе можат да го проследат преку ИН телевизија Охрид, ИНФЕЛ –кабловска телевизија, ТВ Куманово, ТВ Сонце, ТВ Стар,ТВ Плус,ТВ Свет,ТВ МТМ,ТВ ВИС…
Во четврток на програмата се песните од ПОП вечерта, а во петок ќе се одржи Интернационалната вечер, кога во шоу програмата ќе настапат Трифун Костовски и популарната ѕвезда од поранешните ју простори-Владо Калембер, вокален солист на групата „Сребрени крила“ чии хитови Ана, Ја нисам коцкар, Вино на уснама, Чао аморе или Сузана, сеуште се слушаат.
На програмата ќе се најдат наградените песни од Поп вечерта и девет мелодии кои ќе ги исполнат пејачи од Грција, Бугарија, Србија, Словенија, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Русија, а со посебно интересирање се очекува песната „Оди си“ која Маја Оџаклиевска ќе ја исполни во дует со рускиот пејач Иван Ацулов.
OhridNews