Со ГП на Австралија започнува новата сезона во Ф1. Ова ќе биде 13 ГП. Првата гран при трка се возеше на 10 Март 1996. Должина на патеката е 5.303 км, а се вози со насока во правец на стрелките на часовникот, има 10 десни и 6 леви кривини. Најмногу победи на големата награда на Австралија има Мекларен и тоа 8 (една во Аделаида). Најмногу победи 4 во Австралија има Михаел Шумахер, додека последен победник е Кими Раиконен.

Пол позицијата по денешните квалификации ја зазвзеде Луис Хамилтоn, веднаш до него е Роберт Кубица, додека од вториот ред ќе стартуваат Хеики Ковалаинен и Фелипе Маса. Актуелниот шампион Кими Раиконен ќе стартува од 16 – та позција.