Фудбалската Лига на шампиони продолжува денеска со првите реванш натпревари од осминафиналето. Сите очи ќе бидат вперени кон Енфилд каде Ливерпул вечерва ја пречекува екипата на ПСЖ. Лидерот во Премиер лигата оствари победа на првиот меч одигран во Париз од единствениот удар кон голот во финишот на натпреварот на кој домаќинот комплетно доминираше, но извонредна ноќ имаше феноменалниот голман на „црвените“ Алисон Бекер.

Лига на шампиони 1/8 финале реванш натпревари:

Барселона – Бенфика (1:0) 18:45

Интер – Феенорд (2:0) 21:00

Баер Л. – Баерн М. (0:3) 21:00

Ливерпул – ПСЖ (1:0) 21:00

Г.М.