Од денеска до 13 август љубителите на комедијата на различни сцени во Охрид ќе имаат можност да погледнат деветнаесет шоуа кои ќе бидат дел од 6. издание на „Summer Comedy Marathon“.
Публиката и оваа година ќе може да ужива во квалитетна програма со локални и домашни изведувачи, но и гости од странство.
Фестивалот се отвара вечерва со култното шоу „Импровокација“, кое ќе биде изведено во Центарот за култура со почеток во 20 часот. Потоа следуваат гостувања на нашите колеги Атанас и Тино во Куба либре, каде на оваа локација ќе имаме три шоуа. Тројца учесниците имаме од Србија и еден од Грција, неколку шоуа на англиски јазик што го потврдува фактот дека Фестивалот на комедијата е интернационален фестивал и се надеваме дека и во идните години како програмски и по квалитет ќе растат шоута, вели стендап комичарот и организатор, Никола Тодороски.
Никола Тодороски заедно со Стрезо Стаматовски оваа година одбележуваат десет години од шоуто „2 Мothers Brothers“. Јубилејот ќе биде одбележан со грандиозно шоу на 13 август на Долни Сарај, со што ќе биде спуштена завесата на Фестивалот.
Карти за настаните може да се купат на страната „www.hahaha.mk“ или со резервација на тел. бр. 075/283-066.
Г.М.