Со натпреварите од 1 коло од Ф групата, вечерва почнува 48. издание на најстариот и најпознат турнир во мал фудбал во регионот, „Петровден 2023“ во Мешеишта.

Турнирот во 20:30 часот го отвараат минатогодишниот шампион АСП ПАК и Алуминиумски Огради Охрид Струга. Во 21:30 се среќаваат Подгорка – Арена Мислешево, а во 22:30 Стаклара Исмаилоски – Вабко сервис Џуте.

На „Петровден 2023“ учествуваат 28 екипи поделени во осум групи.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 150,000 денари, за прво место 80,000 денари, за второ место 40,000 денари, за трето место 20,000 денари и за четврто место 10,000 денари. Пехари и медали предвидени се за првите три позиции, а ќе бидат прогласени и најдобар играч, најдобар голман и најдобар стрелец. И годинава ќе биде доделена награда за најдобар млад играч „Јован Николоски“.

Г.М.