Домаќинот Хрватска против Јужна Кореја е првиот натпревар на Светското ракометно првенство кое од денес па се до 1 февруари ќе се игра во Хрватска.

На планетарниот самит ќе учествуваат 24 репрезентации распоредени во четири групи, а натпреварите ќе се играат во седум градови: Осијек, Сплит, Вараждин, Пореч, Пула, Задар и Загреб.

Во групата А ќе се натпреваруваат:
Франција, Унгарија, Словачка, Романија, Аргентина и Австралија.

Во групата Б:
Хрватска, Шведска, Шпанија, Јужна Кореја, Кувајт и Куба.

Во групата Ц :
Македонија, Германија, Полска, Русија, Тунис и Алжир.

Во групата Д:
Данска, Норвешка, Египет, Бразил и Саудиска Арабија, Србија.

Во вториот круг ќе се пласираат трите најдобри екипи од секоја група, а ќе се спојат екипите од групата А со тимовите од групата Б, а од групата Ц со тимовите од групата Д.

Германија е репрезентацијата која требa да ја одбрани титулата освоена на домашен терен соваладувајќи ја Полска во финалето со 29-24.

ohridnews