Повеќе од 20 афирмирани сликари од земјава и странство ќе учествуваат на 11. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански Видувања“ што од денеска до 10 јули ќе се одржува во живописниот амбиент на ресторанот „Виа Игнација“, во Вевчани.
Прв пат годинава во рамки на колонијата, како што соопшти организаторот, ќе се одржи и Летна ликовна школа за деца, на која 40-тина дечиња, под раководство на професорката Лара Ташковска ќе имаат несекојдневна можност да се запознаат со тајните на сликарската уметност.
На свеченото отворање на 11-тото издани на „Вевчански видувања“, на академскиот сликар Доне Миљановски ќе му биде доделено одличието „Плакета порта“, по што ќе следува целовечерен музички настап на Лепа Брена.
Инспирирани од прекрасната вевчанска природа годинава во Вевчани ќе творат уметници од државата, балканските и од неколку европски земји.
Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ почна во 2010 година, а досега учествувале над 150 еминентни ликовни уметници од државата и од странство.
OhridNews