Денеска почнаа вежбите на руската морнарица „Океан-2024“, а во нив ќе учествуваат повеќе од 400 воени бродови, подморници и помошни бродови, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во маневрите, кои ќе се одржат во водите на Тихиот и Арктичкиот Океан, Медитеранот, Каспиското и Балтичкото Море, ќе бидат вклучени повеќе од 400 воени бродови, подморници и пловни објекти за помошната флота, се вели во соопштението.

Во вежбите ќе учествуваат повеќе од 120 авиони и хеликоптери на поморската авијација на Воената морнарица и Воздушно-вселенските сили, а ќе бидат вклучени околу седум илјади парчиња оружје, воена и специјална опрема, како и повеќе од 90 илјади луѓе. Стратешката командно-штабна вежба „Океан-2024“ ќе трае до 16 септември.

OhridNews