Викендов Охрид е преполн. По улиците владее метеж, а во центарот се бара место повеќе за паркинг. Наместо семафори на крстосниците сообраќајот го регулираат полицајци. Најголем проблем и натаму се тесните коловози и слабата сообраќајна култура, но и навиките на охриѓани некои обврски да ги завршуваат во шпицот. Така неретко се создаваат колони, а нервозните возачи реагираат со вклучени сирени. Туристичкиот шпиц започна.


Почнаа летните гужви

OhridNews