Во седиштето на „Охридска банка“ во Охрид, денеска зад затворени врати започнаа директните преговори за продажба на Охридска на француската банка Сосиете Женерал.

Детали за текот на преговорите што се водат помеѓу претставници на УО на Охридска и менаџерскиот тим на  Сосиете Женерал  не се соопшуваат. Како што бевме информирани од службите на Охридска банка, преговарачките страни потпишале таканаречен договор за тајност, кој ги обврзува да не објавуваат никакви информации во јавноста се` додека преговорите не завршат.

Охридска вчера соопшти дека е формиран акционерски пакет од 51% кој ќе биде понуден на продажба, за што банката со соопштение ја информираше македонската берза. Според најавите се очекува преговорите помеѓу Охридска банка и Сосиете Женерал да завршат до петок.