Со новиот зимски ред на летање, што стапи на сила сила на полноќ, од Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле ќе има летови до 4 дестинации. Компаниите Wizz Air, Chair Airlines и Edelweiss ќе летаат до Виена, Меминген, Дортмунд и Цирих.
Во истиот период од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе летаат 14 авиокомпании до вкупно 44 дестинации.
Неодамна Министерството за транспорт и врски соопшти дека од 30 март 2025 година од аеродромот во Охрид ќе има две нови линии, Охрид-Базел-Охрид и Охрид-Истанбул-Охрид на која ќе се лета четири пати неделно.
G.M.