На почетокот од вештачкиот мрест на пастрмката што започна вчера на охридсњкиот дел од езерото собрани се седум инкубатори со по околу 15.000 зрна икра. Вештачкиот мрест трета година по ред го изведува Хидробиолокиот институт од Охрид, кој за таа намена ангажираше 11 професионални рибари. Бидејќи Охридското Езеро сеуште нема концесионер за заштитата на пастрмката за време на мрестот ќе се грижи приватна агенција за обезбедување, ни изјави директорот на Хидробиолошки, Гоце Костоски. Со цел да се зачуваат што поголем број матици уловената риба по мрестот ќе се обележува и ќе се врача на местата каде била изловена.

За спороведување на вештачкиот мрест Министартвото за животна средина со ребаланс на буџетот обезбеди 1,5 милиони денари. Ресорнииот министер,  Имер Алиу, кој денеска ги посети мрестилиштетот Шум и присуствуваше на изловот на пастрмка за потребите на мрестот на охридската страна од езерото, смета дека состојбата со рибниот фонд на патрмка е алармантна и дека крајно време е да се преземат конкретни мерки за нејзина заштита.

Алиу рече дека иако издавањето под концесија на Охридскто Езеро  е во надлежност на Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе бара поголеми мерки на заштита. Ќе  инсистираме во договорот со идниот концесионер точно да се наведе периодот колкку години ќе биде забранет комерцијалниот излов на пастрмката, како една од мерките за обновување на рибниот фонд на овој загрозен вид ендемска риба, рече Алиу.


специјалниот брод подготвен

Минатата година по подолго време на двете страни од езерото беа собрани доволни количини икра, а Охридското Езеро беше порибено со над 3 милиони млади единки пастрмка кои 8 месеци беа одгледувани во специјални услови во Хидробиолошкиот институт во Охрид, како и во Поградец.


подмладок на пастрмка