Вкупно 542 првачиња, 30 помалку од минатата година денеска седнаа во училишните клупи во струшките основни училишта.

Учебната година, според Општина Струга почнала во сите училишта без никакви проблеми.
Градоначалникот Рамис Мерко на сите ученици им го честиташе почетокот на новата учебна година и постигнување на целите.

Нека најхрабрите планови и соништа отелотворуваат, а родителите и наставниците се горди на вас. Бидете успешни не само во науката, туку и во спортот, музиката и танцувањето, порача Мерко.

За првачињата од семејства со социјален ризик Општина Струга донираше ранци со училишен прибор.

OhridNews