Со студените месеци доаѓаат и старите проблеми со опожарување на контејнерите за комунален отпад во градот, кои се изработени од пластика. Еден таков утрово се запали на булеварот „Туристичка“ наспроти пазарот. Интервенираше противпожарната единица која го изгасна огнот.
Контејнери деновиве беа опожарени и на улицата „Партизанска“ во близина на Факултетот за туризам.
Најчеста причина за опожарување на контејнерите е несовесното однесување на граѓаните кои во нив истураат неизгасната жар од печките со кои ги затоплуваат домовите или деловните простории.
OhridNews