Со затоплување на температурите зголемена е појава на инсекти. Особено во крајезерскиот дел и пониските делови од околните планини. Граѓани кои рекреираат на кејот се жалат на зголемено присуство на инсекти, особено во вечерните часови.

Од Општина Охрид за OhridNews изјавија дека е спроведена и завршена јавна набавка за дезинсекција и дека се очекуваат поволни временски услови да се спроведе прскањето против инсекти.

Според најавите од метеоролозите тоа би требало да биде во текот на наредната надела. – велат од Општина Охрид.

OhridNews