Реконструкцијата на основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, е во тек. До почетокот на новата школска година треба да се изврши замена на старите прозорци во училиштето, со што ќе се подобрат условите за изведување настава.

-Со ваквиот зафтат училиштето ќе добие поголема изолација,а со тоа и заштеда на електрична енергија, информираат од локалната самоурава, која ја финансира реконструкцијата на училиштето.


Во тек е и комплетно уредување на дворот каде со бекатон плочки се поплочува површина од околу 1500м2 и се поставува ограда од камен.