Од првичните 441 номинација од 222 земји, 28 ќе влезат во финаналната трка за избор на нови 7 светски чуда на природата.

Во Цирих – Швајцарија арбитражната комисија вчера започна со разгледување на 77-те кандидатури од кои ќе бидат избрани 28 финалисти. Со комисијата претседава поранешниот генерален секретар на УНЕСКО, Федерико Мајор, додека имињата на другите 6 члена се држат во најстрога тајност, за да се избегне било каков притисок врз нив. Меѓу најсериозните конкуренти за влез во финалната фаза од кампањата за избор на новите 7 светски чудана природата се и Охридското Езеро и Пештерата Врело од Македонија кои обезбедија пласман во полуфиналето. Според националниот комитет за номинација, големи се шансите една од овие две природни атракции да влезе во финалето.

Дали тоа ќе се случи и кои ќе бидат 28-те финалисти ќе се знае на 21 јули околу пладне кога ќе биде соопштена одлуката на арбитражната комисија за избор на новите 7 светски чуда на природата.

Во глобалната кампања за избор на новите 7 светки чуда на природата, која се смета за најмасовна досега, учество зеле повеќе од 100 милиони луѓе од сите континенти, возрасти и социјални групи, а се  очекува до нејзиното завршување бројот на гласачи да надмине една милијарда. Доколку Охридското Езеро влезе во финалето тоа ќе биде исклучителна можност за негова промоција во светот, бидејќи во кампањата за избор за новите светски чуда на природата ќе бидат вклучени најреспектабилните медиумски куќи во светот како „CNN“, „Routers“, “BBC”, „АP“ и други.

Ohridnews