Грчките власти денеска почнаа постепено да го евакуираат кампот во Идомени во близина на границата со Македонија, објави „Радио Слободна Европа“.

Најмалку 20 специјалци го блокираат приодот до подрачјето. Владиниот портпарол за бегалската криза Јоргос Кирицис соопшти дека полицијата не употребувала сила. Според него операцијата би траела 10 дена.

Во кампот имало околу осум ипол илјади мигранти кои би требало да бидат преместени во други кампови во внатрешноста на Грција. На новинарите им е забранет влез во Идомени.

OhridNews

Извор: „Радио Слободна Европа“