Во изминатите 20 дена партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите пред електоратот ги претставија своите програми и кандидати.
Гласањето утре почнува во седум и ќе трае до 19 часот. Право на глас имаат 1.821.122 гласачи кои на 2976 избирачки места ќе можат да се изјаснат за 18 листи со 1679 кандидати. За првпат, тројца од идните 123 пратеници во Собранието ќе се бираат од дијаспората.
Предвремените парламентарни избори ќе ги следат 7.830 набљудувачи.