И покрај стравувањето од неповолните хидролошки услови, локалната самоуправа вчера го започна поврзувањето на Пештани на колекторскиот систем. Се работи на првите два од вкупно осум прекопи за поврзување на канализацијата и секундарниот колектор во примарниот колектор.


Градоначалникот Петрески истакна дека системот е подготвен и дека доколку временските услови го дозволат тоа, Пештани на колекторот ќе се приклучи за 14 дена. Поради неповолните временски услови и високото ниво на подземни води најавеното поврзување на Пештани на колекторот во јануари беше одложено, додаде градоначалникот.

OhridNews