Со средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ почна официјалната посета на премиерот Димитар Ковачевски на Белград.
За време на посетата, Ковачевски ќе се сретне и со премиерката Ана Брнабиќ и со претседателот на Народното Собрание Владимир Орлиќ.
Ковачевски ќе има тет-а-тет средба со Брнабиќ, а двете владини делегации, предводени од премиерите, ќе одржат и заедничка пленарна средба на која ќе се разговара за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на односите.
Ветив дека ќе направиме се и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна комун
По пленарната средба, предвидено е потпишување на меморандуми за соработка во рамки на иницијативата Отворен Балкан, по што ќе следува заедничка прес- конференција на двајцата премиери, Ковачевски и Брнабиќ.
Ќе бидат потпишани Меморандум за разбирање меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Србија, за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница, Меморандум за разбирање – проект за електронска наплата на патарина – воспоставување интероперабилен електронски систем за наплата на патарина и Меморандум за соработка во рударството и енергетиката.
Во состав на македонската делегација се и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски, како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.
OhridNews