Со сослушување на првите сведоци започна одбраната на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкосвки и на Јохан Тарчуловски.

Одбраната на Бошковски има пријавено 14 сведоци, а на Тарчуловски 11. Дел од сведоците побарале статус на заштитени сведоци. Се очекува судскиот процес да заврши до мај, а пресудата да биде објавена во јуни оваа година.

Адвокатот на Бошковски Едина Рашидовиќ, смета дека не постои командна одговорност кај поранешниот министер за внатрешни работи кој се товари за случајот Љуботен и очекува со сведоците на одбраната комплетно да биде срушено обвинението, а Бошковски да добие ослободителна пресуда.

ohridnews