Екипите на “Паркови и зеленило”, од ЈП “Охридски Комуналец”, деновиве започнаа со кроење на дрворедот на главната градска сообраќајница – булеварот „Туристичка“. Се уредуваат крошните на дрвјата и се поткаструваат големите гранки.

Аакцијата која вообичаено се спроведува пред започнување на пролетта е  дел од годишната програма за уредување на зеленилото низ градот.


Се дотерува булеварот „Туристичка“

фото: Васко Бујароски