ЈП „Билјанини Извори“ од денеска почна со издавање под закуп на паркинг места на паркингот кај Горна Порта, со кој стопанисува согласно одлука на Советот на град Охрид.
Можност да изнајмат паркинг место на паркингот кај Горна Порта имаат сите сопственици на апартмани и соби за издавање, кои поседуваат решение за упис во регистарот за угостителска дејност. – соопшти ЈП „Билјанини извори“
Заинтересираните треба да се обратат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“ во истоимената спортска сала, со цел потпишување на договор за закуп на паркинг место.
OhridNews