Ко што пренесува „Макфакс“, потпретседателот на ЕК Антонио Тајани вчера добил примерок од универзалниот полнач, кој наскоро треба да се најде и на пазарите.
Универзалниот полнач, кој се заснова на микро УСБ влез за поврзување со компјутерите, би требало не само да го поедностават користењето на телефоните, туку и да донесат заштеда бидејќи со новите телефони нема да мора да се купуваат и полначи, а ќе се придонесе и за намалување на количеството на електронски отпад.
Се проценува дека во ЕУ во употреба се околу 500 милиони мобилни телефони, кои со струја се полнат со 30 типови полначи.
Меморандумот за соработка со ЕК за усвојување на универзалниот полнач го потпишаа 14 производители чии брендови заземаат повеќе од 90 отсто од пазарите на мобилни телефони во Европа.
Тоа се Епл, Емблејз мобајл, Хуавеј технолоџи, ЛГЕ, Моторола мобилити. НЕЦ, Нокиа, ТЦТ мобајл, Тексас инструментс, Квалком, Рисрч ин моушн, Атмел, Самсунг и Сони Ериксон.
извор: „Макфакс“