Почна исплатата на декемвриските пензии. За клиентите кои не користат картички, банките преку своите филијали и експозитури треба да обезбедат готовинска исплата во четири групи според висината на пензијата.

За пензиите со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши денес, пензиите со висина од 11.001 до 14.000 денари ќе бидат исплатени на 28 декември, пензии во висина од 14.001 до 18.000 денари на 29 декември, а на пензии со висина од над 18.001 денари исплатата ќе се изврши на 30 декември 2022 година.

OhridNews