Украинските власти почнаа да ги евакуираат граѓаните од градот Херсон, неодамна ослободен од киевските трупи по неколкумесечна руска окупација, јави ДПА.
Сто лица патувале со воз до градот Хмелницки во западна Украина, соопшти украинското Министерство за инфраструктура. Меѓу нив има 26 деца и шест болни лица. По пристигнувањето во Хмелницки, сите евакуирани ќе добијат потврди дека се внатрешно раселени лица и државна финансиска помош.
Во средината на месецов, притиснати од украински контранапад, руските трупи кои го нападнаа и го зазедоа Херсон на почетокот на март се повлекоа од градот.
Меѓутоа, руските трупи се распоредија на позициите на спротивниот брег на реката Днепар и оттаму гаѓаат со артилериски оган. Инфраструктурата на Херсон е уништена до тој степен што украинските власти препорачаа граѓаните привремено да го напуштат градот.
OhridNews